Loading Video...
Фудбал
25. August 2019 - 18:45

Шампионот Манчестер Сити се изнамачи на гостувањето кај Боурнемут

Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити потешко од очекуваното славеше победа на гостувањето кај Боурнемут  со 3:1 во меч од 3.коло на Премиер лигата. 

Првиот и третиот гол за популарните „Граѓани“ ги постигна Аргентинецот, Серхио Агуеро во 15-та и 64-та минута, а Рахим Стерлинг беше стрелец на вториот во 43.минута. 

Почесниот гол за домаќините го постигна Хери Вилсон со дополнението на првиот дел. 

За Сити ова е втора победа откако во воведното коло убедливо со 5-0 го победи Вест Хем, а минатата недела одиграа 2-2 во дербито со Тотенхем.