Фудбал
28. February 2017 - 10:01

Шампионот Лестер го совлада Ливерпул

 Актуелниот англиски шампион Лестер забележа значајна победа во дуелот со Ливерпул во натпреварот со кој беше комплетирано 26.коло во Премиер лигата.
 
На првиот дуел по заминувањето на тренерот Клаудио Раниери фудбалерите на Лестер одиграа одличен меч и славеа лесна победа над Ливерпул со 3-1.
 
Резултатот го отвори Џејми Варди со голот во 28.минута, а десет минути подоцна Дринквотер со прекрасен гол зголеми резултатот на 2-0. По петнаесет минути игра во вториот дел Варди го постигна својот втор, а трет гол за Лестер на натпреварот. Во 68.минута Филипе Кутињо го постигна единстениот гол за Ливерпул.
 
Со новите три бода Лестер сега се искачи на 15.место на табелата, а Ливерпул продолжува да игра во лоша форма и доколку Јунајтед го добие заостанатиот меч против Сити, црвените ќе паднат на шестото место.
 
На натпреварите од ова коло одиграни претходно беа постигнати овие резултати: Челзи – Свонси 3-1, Кристал Палас – Мидлсборо 1-0, Евертон – Сандерленд 2-0, Хал – Барнли 1-1, ВБА – Бурнемут 2-1, Ватфорд - Вест Хем 1-1 и Тотенхем – Стоук 4-0.
 
Табела: Челзи 63 бода, Тотенхем 53, Манчестер Сити 52, Арсенал 50, Ливерпул 49, Манчестер Јунајтед 48,...