Loading Video...
Кошарка
13. November 2018 - 13:48

Шампионот Голден Стејт поразен по продолженија од ЛА Клиперси

Од синоќешните дуели одиграни во НБА лигата, го издвојуваме новиот пораз на шампионот Голден Стејт на гостувањето во ЛА кај Клиперси со 121-116 по продолжението откако регуларниот дел заврши нерешено 106-106. 
 
Иако Кевин Дурант средбата ја заврши со трипл-дабл учинок од 33 поени, 11 скокови и 10 асистенции, сепак на стартот од продолжението ја заработи шестата лична грешка, па кога беше најпотребно не можеше да му помогне на својот тим.
 
Клеј Томпсон постигна  31 поен, а во редовите на ЛА Клиперс, најефикасен беше  Лу Вилијамс со 25 поени.
 

На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати: 

Вашингтон – Орландо 117:109, 
Мајами – Филаделфија 114:124, 
Торонто – Њу Орлеанс 110:126, 
Чикаго – Далас 98:103, 
Мемфис – Јута 88:96, 
Минесота – Бруклин 120:113, 
Оклахома – Феникс 118:101, 
Сакраменто – Сан Антонио 104:99,