Loading Video...
Кошарка
17. October 2018 - 13:36

Шампионот Голден Стејт подобар од Оклахома на стартот на сезоната во НБА

Со натпреварот Бостон – Филаделфија кој заврши со победа на домашната екипа, ноќеска започна новата сезоната во НБА лигата
 
До триумфот со 105:87 Бостон беше предводен од Џејсон Тејтум со 23 поени, 9 скока и Маркус Морис кој оствари дабл-дабл ефект со 16 поени и 10 скокови.
 
Актуелниот шампион Голден Стејт одбраната на титулата ја започна со победа над Оклахома со 108:100.  
 
Стив Кари беше блиску до трипл-даби, завршувајќи ја средбата со 32 поени, 9 асистенции и 8 скокови. Голема поддршка имаше од Кевин Дурант со 27 поени 8 скока и 6 асистенции.
 
Во отсуство на повредениот Расел Вестбрук, кај „Тандерси“ најзабележителни беа новајлиите Пол Џорџ со 27 и Денис Шредер со 21поени и 9 асистенции, додека Стивен Адам имаше дабл-дабл до 17 поени и 11скокови