Шаленберг: Австрија поддржува отворање преговори со Македонија и Албанија
Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кој престојува во официјална посета на Тирана изјави дека неговата земја го подржува отпочнувањето преговори на Македонија и на Албанија со ЕУ.
- Позицијата на Австрија е многу јасна, сакаме да се запали зелено светло за преговорите со Албанија и Македонија, рече тој на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин, Гент Цакај, овластен мнистер за Европа и надворешни работи.
Кога станува збор за Албанија Шаленберг додаде дека албанските азиланти и понатаму се проблем за Франција, што е „повторлива карактеристика во разговорите со француските колеги“
Цакај, истакна дека „Албанија ги исполни сите услови за почеток на прстапните преговорите“, посочувајќи дека Владата „интензивно се ангажира да обезбеди гласови за“.
- Не се плашам од гласовите против, туку сум посветен да обезбедам гласови за, рече Цакај.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација