Македонија
26. September 2023 - 16:33

Шаќири утре ќе одговори кога учениците од 6-то ќе добијат учебници

Одобрени се учебниците по македонски, албански јазик и природни науки за 6то но се на графичко техничка обработка. Министерот утре ќе соопшти кога ќе бидат доставени во училиштата овие учебници, додека пак за третоодделенците тврди дека се веќе поделени. Задоволен е што обезбедиле учебници за средно образование каде што подолго време немало книги. Не прецизираше уште колку учебници ќе фалат иако беше ветено дека до крајот на септември ќе ги има сите.

Следната недела стартува и новата академска година, а за студентите допрва ќе се анализира дали може да се зголеми дневниот износ за оброк од 140 денари.

За подобрување на квалитетот во високото образование и поголема конкурентност,  МОН во соработка со Секретаријатот на иницијативата за образовни реформи на ЈИЕ организираше конференција на која присуствуваа повеќе од 80 експерти и министри од Западен Балкан и ЕУ.