Македонија
18. May 2022 - 20:13

Шаќири: Предложените препораки се потпишаа денеска во МОН

Мислам дека е завршен процесот на преговори и дека е постигнат е договор меѓу СОНК и МОН а исто така во овој процес беше вклучен и помирувачот, изјави вечерва во Тема на денот Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

-Ова го кажувам со тоа дека препораките кои беа предложени од страна на помирувачот се прифатија и пред еден час се потпишаа во МОН помеѓу сите кои беа вклучени во процесот на преговори. Предложените препораки се потпишаа од страна на МОН но и од страна на претставниците од СОНК кои беа присутни на состанокот.Како што кажавме уште на почетокот работевме во целиот процес на преговори за повисоки плати во образованието.