Шаќири: Нула толеранција за корупцијата
Воспоставување на електронски систем за поднесување на електронски пријави и поплаки, поврзани со услугите кон јавната администрација, е еден од проектите во рамките на дигитализација на услугите на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и Владата, соопшти МИОА.
Со тоа, како што посочуваат, ќе се овозможи граѓаните во секое време да пријават проблем или поплака поврзани со јавна институција, како и да пријават проблем во постапка за добивање на определена услуга од јавната администрација.
– Електронскиот систем за поднесување на електронски пријави, претставки и предлози ќе овозможи услови граѓаните и правните лица во секое време да пријават потенцијални сомнежи за корупција во конкретен орган на државна управа, но и да пријават проблем во постапка за добивање на определена услуга од овие органи. Освен примарните придобивки кои се однесуваат на директна интервенција за конкретни проблеми со јавните институции и услугите кои ги даваат кон граѓаните и правните лица, системот има за цел да ја поддржи стратегијата и процесот на понатамошно подобрување на јавната администрација преку трансформација на процесите и подобрување на институционалните капацитети, вели министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот