Шахпаска: Засега има доволен капацитет за згрижување на деца во градинките чии родители работат
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска пред малку на прес конференција кажа дека според последните анализи согласно новите протоколи во градинките ширум државата има капацитет за да бидат згрижени 19.000 деца а во моментот пријавени се 14.555.
Според неа засега во ниедна градинка нема исполнет капацитет но таа апелираше до родителите доколку има кој да се грижи за нивните деца да го отстапат местото на други родители. Предност од среда од кога ќе бидат отворени градинките ќе имаат децата чии двајца родители работат и деца на самохрани вработени родители. Таа потенцираше општините како основачи на овие установи доколку се јави потреба за време на пандемијата да вработат нов кадар за непречено функционирање на воспитно образовната установа.
Александар Динев
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација