Шахпаска во Берово на доделување дозвола на домот за социјална заштита за стари лица „Д-р Иван Влашки“
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ќе се обрати на доделувањето дозвола за вршење дејност од социјална заштита за давање на социјалната услуга помош и нега на Општинската јавна установа за социјална заштита (ОЈУСЗ) „Д-р Иван Влашки“ во Берово.
Со ова, како што соопшти МТСП, ќе биде означен почетокот на давањето на оваа нова социјална услуга за 60 лица од територијата на општина Берово со навршени 65 години, а кои не се во можност сами да се грижат за себе.
Освен министерката Шахпаска, на настанот ќе говорат и градоначалникот на Берово Звонко Пекевски, Марија Цикарска, вд директор ОЈУСЗ „Д-р Иван Влашки“.
Развојот на оваа социјална услуга, како дел од спроведувањето на сеопфатната социјална реформа во земјава, е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка. Услугата има за цел да го подобри и одржи здравјето на старите лица во нивното семејно окружување преку помош во извршувањето на активностите од секојдневниот живот, се додава во соопштението на МТСП.
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина