Шахпаска: Вакцинирани 59 проценти од вработените во градинките
Работата во градинките и покрај летните одмори се одвива согласно насоките и препораките на здравствените власти, а она на што во моментот е фокусирано Министерството за труд и социјална политика е зголемување на бројот на вакцинирани вработени лица во градинките со цел безбеден престој на децата во претшколските установи. При денешната посета на Берово, Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска информираше дека досега се вакцинирани 59 проценти од вработените во градинките во државата веќе се вакцинирани, а тенденцијата е таа бројка да биде уште поголема.
– Работата на градинката не престанала иако се наоѓаме на средина на годишните одмори. Во изминатиот период сериозно се пристапи кон процесот на вакцинирање за што говори и самата бројка на вакцинирани од 59 процентен одзив. Ги повикувам и останатите 41 проценти од вработените да се довакцинираат за да може да биде обезбеден престојот на децата во градинките, рече Шахпаска.
Во моментот како што додаде побарано е од Комисијата за заразни болести да се зголеми бројот на групите на деца кои посетуваат градинка
– Веќе има измени на групите, а со допис побаравме таа бројка да биде зголемена во групите-јасли каде во група престојуваат по 15 деца деца. Во меѓувремен протоколот за групите од 2 до 6 години протоколот е проширен на 20 деца, додаде Шахпаска.
Министерката посочи дека доколку дозволи епидемиолошката состојба може да се очекува во најскоро време градинките да работат со полн капацитет.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи