Шахпаска: Состојбата со детските градинки се уште е стабилна
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска од Штип порача дека состојбата во детските градинки се уште е под контрола.
-Бројот на позитивни дечиња во градинките е со денешна бројка изнесува 35, а 279 возрасни вработени во градинките. Тоа е бројката, што ја добив пред да пристигнам, малку коригирана со утринските бројки. Тоа се возрасни вработени, меѓутоа воспитувачи, негователи, градинари, луѓе коишто работат во кујна, односно персоналот кој овозможува непречено функционирање на детските градинки, вели Шахпаска.
Според последните податоци 31 Центар за лицата со попреченост работат и во нив се згрижуваат корисниците, а три центри се затворени поради 16 вработени и четворица штитеници, позитивни на коронавирусот.
-Знаеме дека и Дневниот Центар во Штип беше затворен еден краток период заради позитивни, како вработен, така и неколку штитеници, корисници. Меѓутоа по изолацијата и по изминувањето на периодот согласно препораките на здравствените власти, центарот е повторно отворен, вели Шахпаска.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари