Шахпаска: Согласно протоколите почнаа со работа градинките, сите да покажат максимална одговорност
Утрово почнаа со работа установите за згрижување и воспитување на децата согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија со КОВИД – 19. Сите установи во земјава согласно протоколите имаат капацитет да примат 19 илјади деца, а досега интерес за згрижување покажале родители на 14.555 деца.
По тој повод, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, беше во посета на градинката „Буба Мара“ во Општина Аеродром, каде надлежните ја информирале дека денот успешно започнал, децата дошле во градинка заедно со своите родители, а при влез биле запазени сите протоколи за заштита од КОВИД – 19.
-Сите чинители кои се вклучени во синџирот за безбедност на децата во градинката треба да покажат максимална одговорност, почнувајќи од градинките, вработените во градинките, воспитувачите и негувателите, персоналот, родители кои ги носат и земаат децата и ние како министерство, за што побезбеден престој за најмалите, рече министерката Шахпаска.
Таа појасни дека протоколот што Комисијата за заразни болести го усвои многу јасно ги одредува обврските на сите. Протоколот, рече, предвидува посебен режим за прием на децата, исхрана, но регулира и како ќе се одвива одморот, спиењето, играњето на децата во градинките…, а со негово почитување на минимум се сведуваат ризиците од инфекцијата. Во групите од 0 до две години треба да бидат сместени до шест деца, за кои ќе се грижат двајца вработени, а во поголемите групи од две до шест години, најмногу 15 деца за кои, исто така, се грижат двајца – воспитувач и негувател.
Одговарајќи на новнарско прашање дали е вистина дека една градинка во Свети Николе не почнала со работа утрово поради сомевање за случај со КОВИД-19, таа рече дека нема таква информација, но, како што посочи, доколку градинката не била отворена од таа причина, тоа значи дека се почитуваат мерките и протоколите.
-На последниот состанок со директорите на градинкитешто го имавме во петокот сите покажаа подготвеност да почнат со работа. Ова е нов момент. Доколку се работи за сомневање за инфекција со КОВИД-19 тоа говори за одговорност зошто не била отворена таа градинка. Значи, ова е тоа за што говориме. И за еден сомнителен случај треба да направиме проценка дали би стартувале со работа, рече министерката за труд и социјална политика.
Во врска со времето на прием и заминување на децата од градинка, министерката Шахпаска истакна дека, тоа треба да го уредат директорите во кој временски период би се одвивале, дали еден од вработените кои се грижат за децат би дошол порано, друг подоцна, со цел да родителите да можат да ги донесат и земат децата, со запазување на протоколите за децата да бидат безбедни и да не биде загрозен работниот процес.
Директорката на градинката Елена Устамитова, рече дека утрово со почитување на мерките за заштита почнал прием на деца. На децата, родителите и вработените пред влез во градинката им се мери температура.
Оваа градинка има пет клона. Во сите пет објекти претходно се згрижувале 1.100 деца, но согласно протоколите сега има можност да се згрижат 560 деца.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок