Спорт плус
8. October 2017 - 18:25

Шах: Европскиот шампион стартуваше со победа на ЕКК во Анталија

Во Анталија стартуваше Европскиот клупски шаховски куп на кој  титулата европски првак ја брани Македонскиот претставник Алкалоид. 

„Фармацевтите“ на стартот  убедливо со 4,5-1,5 го торпедираа италијанскиот претставник Аугуста Перусиа. Вториот наш претставник Асеко Гамбит води со 5-0 исландскиот Викинг. Во тек е уште партијата на Динев со Игнасон.

Алкалоид – Аугуста Перусиа  4,5-1,5

Динг – Родичи   реми

Андрејкин –Бертањоли 1-0

Ју – Палтриниери  1-0

Јаковенко – Барп  1-0

Криворучко – Марсили  1-0

Панчевски – Сересин  0-1