Шабани: Лекот Ивермектин ќе пристигне оваа или на почетокот на наредната недела
До крајот на оваа или на почетокот на другата недела верувам дека во државава ќе стигне лекот Ивермектин, кој ќе се користи во лекувањето на заболените од Ковид-19, изјави за МИА директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства, Љирим Шабани.
Тој посочи дека ги одобриле сите барања кои ги имале од болниците и веледрогериите кои исполниле услови.
– Дадовме одобрение за увоз и останува на компаниите на фармацевтските куќи кога ќе можат да го донесат лекот. Ни најавија дека има полициски час во неколку држави и дека тешко ќе биде за неколку дена да стигне лекот. Најверојатно ќе стигне или крајот на оваа недела или на почетокот на другата недела, односно после Божик кога ќе бидат слободни патиштата за транспорт. Ние ги завршивме сите административни проедури и сега прашањето е техничко кога ќе можат тие физички да го донесат, имајќи предвид дека има лок даун во неколку држави заради празниците. Како и да е за скоро ќе биде. Верувам дека за недела дена или за десет дена ќе го донесат, рече Шабани.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово