Џет-Сет
5. October 2016 - 10:35

Шабан Шаулиќ избоден со нож среде настап

Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, бил избоден на настап во Виена.

- Влегов во ходник во кој имаше светло. Ме повлекоа за рака. Почувствував нож во грбот. Среќа е што не погодија некој нерв, вели Шабан.

Пејачот додава дека биле двајца насилници од кои едниот го удрил со боксирач. Шабан лежел крвав на земјата.

Набрзо дошла итна помош и повредите му биле веднаш санирани.