Џет-Сет
6. April 2016 - 19:07

Шабан Шаулиќ и Босанац физички се пресметаа на снимање на Ѕвездите на Гранд

Шабан Шаулиќ и Драган Стојковиќ Босанац се истепале на снимањето на Ѕвесдите на Гранд дознава Блиц.
 
Како што дознава весникот, поради физичкиот судир на двајцата членови на жирито интервенирала и Итната помош, зашто на Шабан му се слошило од ударите. Тоа ги потресло женските членови Марија Шерифовиќ, Јелна Карлеуша, Вики Миљковиќ и Снежана Ѓуришиќ, кои се распалкале.
 
Од продукцијата тврдат дека само дошло до вербален судир.
 
– Како и секогаш досега кога ќе им се судрат мислењата, дојде до вербален судир меѓу двајцата експерти. Само тоа е вистина, стои во соопштението од Гранд.