Македонија
19. October 2018 - 16:45

Сезоната на грип почна, а вакцините и вакцинацијата доцнат

Дваесетте заболени и евидентирани во Институтот за јавно здравје го означија почетокот на сезоната на грип. Куманово, Тетово, Кавадарци, Свети Николе и Штип  се градовите што ги пријавиле првите случаи. Лабораториска потврда кој тип на вирусот циркулира во земјата се уште нема, бидејќи според епидемиолозите пикот на заболувањето е во зимските месеци. И додека сите велат дека вакцината е најдобра заштита, имунизацијата годинава ќе доцни и ќе стартува на почетокот на ноември.

- Малку е пролонгирано бидејќи се набавуваа бесплатни вакцини а другите се четиривалентни па потешко оди нивната набавка поради ограничените количини. Но тоа не пречи бидејќи во декември почнува пикот, вели др. Владимир Микиќ, епидемиолог во ИЈЗ

Пензионерите над 65 годишна возраст со просечна пензија, потпросечна и без примања за кои годинава се намененти 28 000 те илјади бесплатни вакцини, најверојатно ќе ги добиваат со закажување на Мој Термин. Епидемиолозите оптимисти што годинава на располагање има многу поголема количина на вакцини, но велат тоа е сеуште малку за создавање на колективен имунитет.

- Оние кои ја примаат вакцината, дури и да заболат од грип имаат многу помали шанси од добивање на компликации од болеста, вели др. Микиќ

Инаку, годинава комерцијалната вакцина ќе биде поскапа и нејзината цена треба да ја урврдат центрите за јавно здравје.