Фудбал
8. јуни 2017 - 13:05

Севилја си обезбеди тренер за следната сезона

дуардо Берицо, кој по завршувањето на сезоната во Ла Лига ја напушти Селта, ќе биде новиот тренер на Севилја, односно ќе го наследи сонародникот Хорхе Сампаоли, кој стана селектор на Аргентина.
 
„Севилја и Берицо постигнаа договор. Тој ќе биде тренер на Севилја во наредните две години“, објави клубот од Андалузија.
 
Берицо со Селта играше полуфинале во Лига Европа, а во кариерата бил тренер на аргентинскиот клуб Естудијантес Ла Плата и чилеанскиот О’Хигинс.