-->
-->
Севилја го совлада Бетис во градското дерби
-->
„Дерби Севилјано“ ја искачи Севилја на четвртата позиција во Ла Лига. Севилја со 3:2 го победи Бетис. Севилја има 52 бода, додека Бетис со 43 се наоѓа на деветтото место.
Фантастично дерби одиграа градските ривали на „Санчез Писхуан“, кое донесе четири гола во второто полувреме. Севилја имаше минимално водство по првиот дел со голот на Ел Хадади во 26 минута.
По десет минути игра во второто полувреме израмни Ло Селсо. За Аргентинецот ова беше трет гол во последните два натпревари.
Четири минути подоцна Севилја ја врати предноста, Сарабија погоди за 2:1, а во 64 минута Франко Васкез го нокаутира Бетис.
Овој резултат беше активен до 83 минута кога Тељо со прекрасен гол го постави конечниот резултат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море