Фудбал
4. July 2017 - 12:46

Севилја го продаде капитенот го врати Банега

Аргентинецот Евер Банега по една година во Интер реши да се врати во Севилја. Тимот од Андалузија во исто време го продаде капитенот на тимот, Висенте Ибора, во Лестер.
 
Евер Банега не успеа да се наметне во Интер откако на почетокот на минатата сезона пристигна како слободен играч во Севилја. Поради тоа Аргентинецот реши да се врати во тимот каде ја оживеа својата кариера и со кого освои две титули во Лига Европа.
 
Банега првиот професионален договор го потпиша во 2006 со Бока Јуниорс, а европската кариера ја почна во Валенсија во 2008 година. Во Валенсија тој мина шест сезони, а играше една година и во Атлетико Мадрид.
 
Банега во 2013 година се врати во Аргетнина, одигра една сезона во Њуелс Олд бојс, а во Севилја пристигна во 2014 година. За две години за тимот од „Санчез Писхуан“ одигра 92 натпревари и постигна 12 голови. Банега имаа 55 настапи и за репрезентацијата на Аргентина.
 
Во исто време кога го вратија Банега во своите редови, челниците на Севилај решија капитенот Ибора да го продадат во Лестер за сум од околу 12 милиони евра.
 
Ибора има 29 години, а во Севилја пристигна во 2013 година од Леванте. За клубот одиграл 172 натпревари.