Свет
27. May 2020 - 15:07

Северниот дел од Индија погоден од силен топлотен бран

Додека Индија се подготвува за лето, за кое се прогнозите дека ќе биде потопло од вообичаеното, многу градови на северот на земјата се веќе погодени топлотен бран, при што температурите денеска надминуваат 45 Целзиусови степени.

Температурите во северниот дел на Индија се највисоки што земјата ги имала во текот на децении во овој период од годината, а жешкиот бран се предвидува да трае до петок.

Рекордна температура од 50  Целзиусови степени е регистрирана вчера во округот Раџастан Чуру.
Научникот од индискиот метеоролошки институт Равиндра Сихаг изјави дека тоа е највисоката температура во светот тој ден.

Температурите во главниот град Њу Делхи, исто така, беше висока и изнесуваше 47 Целзиусови степени оваа недела, при што некои држави ги советуваат луѓето да останат дома и да пијат многу течности.