Македонија
18. May 2021 - 13:57

Северна Македонија протера руски дипломат

Министерството за надворешни работи прогласи дипломат на руската Амбасада во Македонија за непожелна личност.

-Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Македонија, стои во соопштението на МНР.

Во оваа насока, додава МНР, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Македонија во рок од седум дена.