Свет
9. јуни 2017 - 9:29

Северна Кореја успешно истрела крилата ракета земја-вода во Јапонското Море

Северна Кореја вчера успешно истрела нов тип на крилата ракета земја-вода, јави агенцијата КЦТА. 

Ракетата „со прецизното летање пресретна и погоди објекти во Јапонското Море“, посочи агенцијата. 

КЦТА смета дека ракетата е способна да го погоди секој непријателски брод што ќе преземе воена офанзива против Северна Кореја.

Пјонгјанг од почетокот на 2016 година изведе десетици тестирања на ракети и две нукеларни проби.