Живот
30. July 2020 - 8:58

Северна Кореја тестираше уште една крстосувачка ракета

Северна Кореја во текот на месецот тестираше крстосувачка ракета, во рамките на редовните летни воени вежби, соопштија денеска претставниците на јужнокорејската армија.

Ракетата била лансирана од брод во Источно Море на 6 јули и летала помалку од сто километри.

Јужнокорејската армија не го наведе типот на ракета, но се претпоставува дека ист проектил бил тестиран и претходно.

Летните поморски воени вежби почнаа на почетокот од месецот и се уште траат. Вообичаено траат до август.