Свет
9. April 2016 - 10:42

Северна Кореја тестираше нов тип на мотор на интерконтинетална балистичка ракета

Северна Кореја успешно тестираше нов тип на мотор на интерконтинетална балистичка ракета, јави севернокорејската новинска агенца КЦНА.

Тестирањето го набљудуваше севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, кој изјави дека со тестирањето се отвора патот за „нов начин на нуклеарен напад врз американските империјалисти и другите непријателски сили“.

Првпат Северна Кореја објавува тестирање на мотор на интерконтинентална балистичка ракета.

Тестирањето е изведено во вселенскиот центар Сохае, северозападна Северна Кореја, од каде во февруари беше истрелана ракета со голем дострел