Свет
30. March 2020 - 10:56

Северна Кореја соопшти дека тестирала ракетен фрлач

 Северна Кореја тестираше голем повеќекратен ракетен фрлач за да ги провери неговите тактички и технички карактеристики, соопшти денеска севернокорејскиот весник „Родонг Синмун“. Се нагласува дека тестот бил успешен.

Јужнокорејскиот Генералштаб соопшти дека Пјонгјанг лансирал две балистички ракети со кус дострел од источниот град Вонсан и тие летале 410 километри пред да паднат во морето, пренесува Би Би Си.

„Во ситуација кога цел свет се бори против Ковид-19, ваков вид воени вежби се многу несоодветно и повикуваме тие да бидат запрени“, се наведува во соопштението од јужнокорејскиот Генералштаб.

Тоа е четврт пат месецов Северна Кореја да лансира ракети – на 2, 9 и 21 март, беа претходните тестови.