Свет
12. March 2018 - 10:51

Северна Кореја се уште молчи за претстојната средба Трамп - Ким

 Додека светот зборува за планираната средба помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, државните медиуми во Пјонгјанг до денеска немаат  објавено ништо.

Но, Северна Кореја е изненадувачки тивка за многу важни прашања, дури и за историските настани кои се случија изминатите неколку месеци.

Во Северна Кореја повеќе месеци е во сила забрана за посета на странски новинари, а Пјонгјанг се држи до истиот антиамерикански и пронуклеарен став.

Официјалните лица во Сеул наведуваат дека Пјонгјанг и нив „ги држи во мрак“.

- Што се однесува на самитот Северна Кореја и САД нема официјален одговор од севернокорејската Влада. Затоа мислиме дека Северна Кореја внимателно пристапува на тоа прашање, бидејќи и е потребно време за да го дефинира својот став, истакна портпаролот на јужнокорејското Министерство за обединување Баил Тае-хјун.

Сепак не е невообичаено севернокорејските медиуми да не брзаат со објавување на вести, со оглед на тоа што сите весници, радио,  телевизии и новинската агенција се под државна управа, па не смеат да згрешат во пренесување на пораката од власта.

- Понекогаш е потребно извесно време за адекватно да се обликува смислата на пораката, истакна Баик.

До денеска, нема ниту една официјална вест за понудата на Северна Кореја за средба со Трамп во замена за мораториум за ракетните и нуклеарните проби, која беше објавена од страна на претставници на Јужна Кореја.

Во меѓувреме, севернокорејскиот весник „Родонг синмун“ објави кус текст за минатонеделната посета на високите јужнокорејски претставници, без да ги спомне плановите за американско-севернокорејски самит.

Отсуството на потврда од  Пјонгјанг предизвика скептицизам дали Ким сериозно размислува да се откаже од нуклеарното оружје