Свет
4. February 2016 - 8:53

Северна Кореја се подготвува за истрелување интерконтинетална балистичка ракета

Северна Кореја ги почнала подготовките за истрелување интерконтинентална балистичка ракета, информира ТАСС, цитирајќи го сајтот „38 Норт“.

Сајтот, што е специјализиран за информации за Северна Кореја, се повикува на анализа на ставови добиени од пријателски расположени граѓани. 

„Регистрирана е засилена активност на полигонот Тончхан-ри“, посочува електронското издание.

Според неговите податоци, во хангарот каде ракетите се склопуваат во една целина, забележано е активно движење на автомобили, вклучителни и на неколку автобуси.

Активноста е слична на ситуацијата од претходниот ракетен тест во 2012 година. Во целина темпото на работа одговара на информацијата дека ракетата ќе биде истрелана меѓу 8 и 25 февруари, забележува сајтот.

Меѓународната унија за телекомуникации (МСТ) и Меѓународната поморска организација (ММО) претходно неделава информираа дека Северна Кореја ги информирала ОН за плановите меѓу 8 и 25 февруари да истрела сателит за набљудување на Земјата.

Во моментов Пјонгјанг се подготвува и за истрелување на боева балистичка ракета од типот „Нодон“", со радиус на дејствување до 1.300 километри, соопшти јапонската телевизија „НХК“.

Северна Кореја последен пат ги истрела ракетите „Нодон“ од мобилни лансирни  системи во март 2014 година. Тогаш две ракети прејдоа околу 650 километри и паднаа во Јапонско Море.

САД засега не планираат да го надминат бројот од 44 ракети пресретнувачи на Аљска и на Хаваите, изјави министерот за одбрана Ештон Картер, цитиран од британските меидуми.

Јужна Кореја има подготвеност да пресретне севернокорејска балистичка ракета доколку таква биде истрелана, посочи портпаролот на јужнокорејското Министерство за одбрана.