Северна Кореја повторно тестираше ракета со среден дострел
Командата на американски сили во Тихи Океан потврди дека Северна Кореја тестирала ракета со среден дострел. Ракетата паднала во Јапонско Море и не претставува закана за Северна Америка.
Ракетата прелетала 930 километри за 37 минути пред да падне во Јапонско Море.
На ракетното тестирање реагираше претседателот на Јужна Кореја, Мун Је-ин.
- Длабоко сум разочаран од ракетната проба, извршена неколку денови откако со американскиот колега Доналд Трамп апелиравме за воздржаност на Северна Кореја, истакна Мун на почетокот на вонредната седница на јужнокорејскиот Совет за национална безбедност.
Тој додаде дека јужнокорејските вооружени сили анализираат дали Северна Кореја истрелала интерконтинентална балистичка ракета.
- Дали тој може да направи нешто подобро, напиша Трамп на Твитер алдурајќи на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе истакна дека новото ракетно тестирање на Северна Кореја е закана која се повеќе расте.
Тој додаде дека Пјонгјанг не се осврнува на предупредувањата од меѓународната заедница и ги повика Кина и Русија да играат поконструктивна улога за севернокорејското прашање.
Ново на Сител
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара