Свет
1. April 2016 - 8:32

Северна Кореја повторно тестираше балистичка ракета

Од крајбрежната севернокорејска провинција Јужен Хамген во насока на Јапонско Море истрелана е балистичка ракета, јави Јонхап.

- Се уште не е утврден типот на ракетата, но таа е балистичка, изјави претставник на Министерството за национална одбнрана на Јужна Кореја.

Според друг неименува јужнокорејски извор најверојатно ракетата е со мал дострел од типот земја-воздух.

Ракетата паднала во вода во близина на источниот брег на Северна Кореја.

Тестирањето на ракетата се случи во време кога во Вашингтон се одржуваше Самит за нуклеарна безбедност.