Северна Кореја повикува на продолжување на дијалогот додека лансира ракети
Северна Кореја лансира два нови „проектила“ денеска, само неколку часа откако им предложи на САД да продолжат со разговорите за својата нуклеарна програма, која е во ќор-сокак од февруари.
Два „проектила“ беа истрелани од провинцијата Јужен Пјонган, во центарот на државата, во правец на Јапонското Море, објави командата на Јужнокорејската армија, без да даде други детали.
Јужнокорејската војска обично го користи зборот „проектил“ за ракети со краток дострел.
Овој нов тест за оружје доаѓа неколку часа откако режимот на Северна Кореја објави дека е подготвен да ги продолжи преговорите со Вашингтон. Тие се во ќорсокак од февруари, кога Доналд Трамп и Ким Џонг-ун не успеаја да се договорат за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
– Сакаме да се сретнеме лице в лице со САД на крајот на септември, во време и место за кое можеме да се договориме, рече заменик-министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Чои Сон Хуи, во изјавата објавена вчера од официјалната новинска агенција КЦНА.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите