Свет
29. July 2017 - 9:00

Северна Кореја потврди успешно второ лансирање на интерконтинентална балистичка ракета

Северна Кореја денеска потврди дека истрелала втора интерконтинентална балистичка ракета „Хвасон-14“, што го опиша како „сурово предупредување“ кон САД, пренесоа западните медиуми, повикувајќи се на Корејската централна новинска агенција.

Ракетата наменета за „максимална дистанца", летала 47 минути и 12 секунди, достигнувајќи максимална височина од 3724,9 километри, објави Пјонгјанг. Изминала 998 километри, успешно потврдувајќи својот дострел, дополнуваат севернокорејските власти.

Пробата беше наредена од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој го набљудувал лансирањето, по што изјавил дека оружената програма на земјата е непроценливо богатство.

Министерот за национална одбрана на Јужна Кореја генерал Хан Мин-ку веднаш потоа изјави дека како одговор Сеул ќе подготви „независни мерки“ за ограничување на нуклеарната закана од земјата на Северот шето е можно поскоро, пренесува БТА.

Според експерти, вчера истреланата ракета може да го погоди Лос Анџелес и други американски градови.

Вашингтон и Сеул одговорија на ракетниот со заедничка ракетна вежба.

Централната телевизија на Северна Кореја емитуваше денеска снимки од лансирањето на интерконтинентална балистичка ракета. Кадрите го покажуваа транспортот на ракетата кон местото на тестот и самото лансирање. ссм/08:57