Loading Video...
Свет
8. February 2018 - 22:10

Северна Кореја одржа воена парада, ден пред стартот на ЗОИ во Јужна Кореја

Северна Кореја утрово одржа воена парада, ден пред стартот на ЗОИ во Јужна Кореја. Парадата  беше по повод 70 години од формирањето на корејската народна армија, која традиционално се одржува  на 25 април. Оваа година не беа поканети странски новинари да го одбележат настанот за кој се дозна откако помина. Во Јужна Кореја , потегот на Пјонгјанг се смета за враќање назад по неодамнештоно затоплување на односите. Инаку На Олимпијадата ќе учестуваат  и севернокорејски спротисти. Делегецијата ќе ја предводи сестрата на лидерот Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг. Според најавите, американкски и севернокорејкси официјлани лица нема  да имаат средба за време на Олимпијадата во Пјонгчанг. Американската делегација ќе ја предводи потпретседателот на САД, Пенс.