Свет
7. September 2017 - 14:00

Северна Кореја најавува „силни контрамерки“ на евентуални нови санкции

Северна Кореја денеска порача дека ќе преземе „силни контрамерки“ како одговор на притисокот од САД или какви било нови санкции кои евентуално ќе и бидат наметнати поради изведените нуклеарни проби.

- На варварските заговори со санкции и притисокот од САД ќе одговориме со силни, сопствени контрамерки, се наведува во соопштението на официјалната делегација на Северна Кореја на Источниот економски форум во Владивосток, Русија.

Во соопштението уште се упатуваат обвиненија до Јужна Кореја и Јапонија дека го користат рускиот форум за да водат „расипана политика“, наведувајќи дека овој собир е наменет за разговори за економската соработка во регионот, а не за критика на севернокорејската нуклеарна програма.