Свет
26. August 2017 - 9:52

Северна Кореја лансираше три балистички ракети

Северна Кореја денеска лансираше три балистички ракети со мал дострел, соопшти американската војска. 

Американската војска, наведе дека две од нив имале неуспешен полет, додека третата експлодирала речиси веднаш по лансирањето.

Ракетите се лансирани во момент кога десетици илјади американски и јужнокорејски војници учествуваат во заеднички воени вежби, на кои Пјонгјанг гледа како на висока провокативна проба за инвазија на севернокорејската територија.