Северна Кореја лансираше балистичка ракета кон Јапонско Море
Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море, а проектилот падна во водите надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, соопшти јапонското Министерство за одбрана.
Ракетата беше истрелана во 6:52 часот по локално време, во североисточен правец од западниот брег на Северна Кореја, и прелетала повеќе од 650 километри на максимална височина од околу 100 километри, јавува агенцијата Кјодо.
Нема извештаи за штета на авиони или бродови.
Јапонската влада протестираше до Северна Кореја, изјави премиерот Фумио Кишида, додавајќи дека лансирањето на балистичката ракета е кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.
-Ова е прашање што се однесува не само на безбедноста на нашата земја, туку и на безбедноста на регионот и меѓународната заедница. Тоа е апсолутно неприфатливо, рече Кишида.
Тој посочи дека Јапонија ќе соработува со САД и Јужна Кореја за да се обезбеди безбедност во регионот.
Во соопштението, американската Индо-пацифичка команда ја повика Северна Кореја „да се воздржи од натамошни незаконски и дестабилизирачки акти“, додавајќи дека обврските на САД за одбраната на Јужна Кореја и Јапонија „остануваат цврсти“.
Војската на Јужна Кореја соопшти дека Пјонгјанг истрелал нешто што изгледа како балистичка ракета со среден дострел во Јапонското Море.
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол изјави дека Северна Кореја се обидува да го потресе јужнокорејското општество пред општите избори со продолжување на ракетните и другите воени провокации, пренесе Јонхап.
Ова е ново лансирање на балистичка ракета на Северна Кореја по 18 март, а најновиот ракетен тест доаѓа откако Сеул во четвртокот соопшти дека Пјонгјанг се подготвува да лансира втор воен сателит.
Пјонгјанг во ноември објави дека успешно го лансирал својот прв шпионски сателит.
Ново на Сител
-
Разбиена криминална група која тргувала со оружје во Косово и Албанија, уапсени 14 лица
-
Отстранети неколку диви депонии во Ѓорче Петров, Чаир и Бутел
-
Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д
-
Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија, осуден на затворска казна од 20 години
-
За викендот повремен дожд, снег и ветер
-
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение
-
Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025