Свет
5. February 2018 - 9:13

Северна Кореја ќе го испрати Ким Џонг-нам на отворањето на ЗОИ во Јужна Кореја

Северна Кореја ќе го испрати на отворањето на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја највисокиот државен претставник, претседателот на Президиумот на Врховното народно собрание, односно де факто шефот на државата Ким Џонг-нам. 

Посетата на највисокиот државен претставник на Пјонгјанг на јужниот сосед доаѓа во момент на дипломатско приближување меѓу двете земји. 

Тој ќе ја предводи 22-члената делегација на Севрна Кореја во Пјонгчанг, соопшти јужнокорејското Министерство за обединување.

Ким Џонг- нам, заедно со премиерот Пак Понг-ју и лидерот Ким Џонг-ун ја сочинуваат трипартитната извршна власт на Северна Кореја.