Свет
3. December 2019 - 8:59

Северна Кореја: Ким отвори нов град во близина на планината Паекту

 
Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун отвори нов град Самџијон, монументална градба на границата со Северна Кореја, јавуваат денеска државните медиуми.
 
Градот се наоѓа недалеку од планината Паекту, кој според легендата се смета за лулка на корејската нација. Пјонгјанг инвестираше огромни суми во проектот за обнова на градот, што се уште не е завршен. Самџијон е главен град на округот на границата со Кина и според севернокорејската пропаганда местото на раѓање на Ким Џонг Ил, таткото на Ким Џонг Ун.
 
Покрај музејот посветен на темелни активности и стадион за обука за зимски спортови, проектот вклучува нова железничка линија, 10.000 станбени единици и фабрика за обработка на боровинки и компири, најважните ресурси во тој дел на Северна Кореја.
 
Ким неколкупати посетуваше при градењето, а неодамна беше објавена и фотографија од него на бел коњ, на врвот на планината Паекту