Свет
15. April 2016 - 8:59

Северна Кореја изврши неуспешно лансирање на балистичка ракета

Северна Кореја изврши неуспешен обид за лансирање балистичка ракета со среден дострел од нејзиното источно крајбрежје, јави јужнокорејската агенција Јонхап. 

Ракетата најверојатно била од типот „Мусудан“, кој има дострел од над 3.000 километри. 

Официјален претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана изјави дека Северна Кореја „се обиде да лансира ракета, но неуспешно“. 

Тој не посочи за каков тип на ракета станува збор.