Свет
23. April 2016 - 14:17

Северна Кореја истрелала балистичка ракета од подморница

Северна Кореја истрелала денеска балистичка ракета од подморница, соопшти јужнокорејскиот Совет на генералштабови, јави Јонхап.

Ракетата, според Сеул, била истрелана денеска во 18.30 часот по локално време од подморница, која се наоѓала крај источното крајбрежје на Северна Кореја, во Јапонско Море.

Засега не се соопштуваат други детали.

Се уште нема информации дали истрелувањето било успешно, додава Јонхап.

Во почетокот на јануари, Северна Кореја објави видео запис на истрелување на балистичка ракета со морско наведување, извршено најверојатно на 21 декември 2015 година.