Северна Кореја истрела ракети со краток досег и се обиде да го блокира јужнокорејскиот ГПС систем
Северна Кореја истрелала ракети со краток досег во морето и се обидела да го блокира ГПС системот во Јужна Кореја, изјавија јужнокорејски официјлани претставници, јави Танјуг.
Севернокорејската агенција КЦНА утринава соопшти дека лидерот Ким Џонг-ун изразил „големо задоволство“ следејќи го во живо тестирањето на новиот ракетен систем, но не наведува кога и каде била одржана оваа проба, пренесоа американските медиуми.
Претставници на јужнокорејската војска вчера соопштија дека е забележено дека Пјонгјанг покрај својот источен брег истрелал проектил земја-воздух, но засега не е познато дали двата настана се поврзани.
Покрај тоа, јужнокорејски претставници наведуваат за обид за блокирања на ГПС сигналот, што бил почнат во четвртокот и не предизвикал поголеми нарушувања во работата на јужнокорејската војска, воздухопловниот и бродскиот сообраќај, како ни во телекомуникациските системи.
Повеќе од 130 рибарски бродови, меѓутоа, пријавиле проблеми со своите навигациски системи, а некои од нив морале да се вратат во пристаништето, информира јужнокорејското Министерство за морнарица и рибарство.
Обидот за блокирање на ГПС системиот јужнокорејското Министерство за одбрана го нарече провокација која ја загрозуава јавната безбедност и функционирањето на војската во оваа земја, додека војската на Јужна Кореја ја предупреди Северна Кореја веднаш да ги прекине овие обиди или ќе се соочи со последиците.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација