Свет
6. March 2017 - 8:39

Северна Кореја испука неколку балистички ракети, соопшти јужнокорејското МО

Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека Северна Кореја денеска испукала „неидентификувани проектили“ во води источно од Корејскиот полуостров.

Во соопштението се додава дека проектили се испукани од покраината Северен Пјонгјанг околу седум часот и 30 минути по локално време, од место каде има воена база.

Еден проектил паднал во Источното Море познато и како Јапонско Море. Проектилите прелетале околу илјада километри.