Северна Кореја го нарече Трамп „умоболен" и „сенилен“ поради неговата одлука за Ерусалим
Северна Кореја го осуди претседателот на САД Доналд Трамп за неговата одлука да го признае Ерусалим за главен град на Израел и го нарече „умоболен“ и „сенилен“
Во последниве месеци Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун си разменуваат лични навреди и закани за војна во амбиент на зајакнати тензии поради ракетната и нуклеарната програма на Северна Кореја.
- Со оглед на тоа дека умоболен и сенилен човек отворено повикува во ОН за целосно уништување на една суверена држава, овој чекор не е толку изненадувачки. Оваа иницијатива, сепак јасно покажува на целиот свет кој е уништувачот на светскиот мир и безбедност, кој е отпадникот и разбојникот во меѓународната заедница, изјави портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи.
- Северна Кореја енергично ја осудува одлуката на САД за Ерусалим и изразува „цврста поддршка и солидарност со палестинскиот и арапскиот народ во нивната борба за легитимните права. САД ќе бидат сметани за одговорни за сите последици од тоа опасно и ѓаволско дејство, додаде портпаролот.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море