Северна Кореја ги повика САД да се откажат од „непријателската политика“
Заменичката на првиот човек на севернокроејската дипломатија, Чое Сун- Хуи, денеска изјави дека Вашингтон мора да се откаже од „непријателската политика“ кон Пјонгјанг, за да може да се обноват преговорите за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
По завршувањето на состанокот со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров таа кажа дека е невозможно да се оддржи уште еден самит меѓу лидерите на Северна Кореја и САД, Ким Џонг-ун и Доналд Трамп, „ доколку тој ја задржи непријателската политика“, пренесоа јужнокројеските медиуми.
Таа не прецизираше што подразбира под оваа констатација, но севернокорејското Министерство за надворешни работи во неделата неодамнешната резолиција на ОН за човекови права за оваа земја ја нарече „политичка провокација предводена од САД“, потсетуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација