Loading Video...
Свет
16. May 2018 - 19:24

Северна Кореја ги откажа разговорите со Јужна Кореја и се закани дека ќе ја откаже и средбата со Трамп

Северна Кореја го откажа самитот со Јужна Кореја и се закани дека ќе го откаже и самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Ким Џонг Ун поради тековните американски воени вежби со Јужна Кореја. 

Пјонгјанг  ги опишува вежбите како генерална проба за инвазија  и провокација во услови на затоплување на меѓукорејските односи.Пентагон тврди дека вежбата е рутинска и со одбранбен карактер.

Американските власти не се информирани за промена на ставот на Северна Кореја и ги продолжуваат подготовките за состанокот меѓу претседателот Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун,соопшти Стејт департментот.

Сеул смета дека одлуката на Северна Кореја еднострано да ги одложи преговорите  меѓу двете Кореи, е спротивно на духот на Декларацијата од Панминџон и е достојна за жалење, и ја повика Северна Кореја веднаш да се врати на преговарачка маса.

BBC наведува дека Пјонгјанг бил вознемирен од тврдењата на советникот на Трамп за национална безбедност, Џон Болтон, изнесени во интервју во текот на викендот, дека Северна Кореја би можела да го следи либискиот модел на нуклеарно разоружување.