Свет
2. February 2018 - 8:31

Северна Кореја бара САД да се откажат од планираните воени вежби

Северна Кореја ги повика САД да ги откажат воениѕе вежби во близина на Корејскиот Полуостров, планирани за по Зимските олимписки игри во Јужна Кореја.

Според севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг-хо, воените вежби ќе ги влошат тензиите меѓу двете Кореи и во регионот во целина.

Тој испрати писмо до генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш во кое бара од Светската организација да интервенира и да изврши притисок врз САД да се откажат од воените вежби, бидејќи во спротивно, на „светот му се заканува нуклерна војна“.

По серијата ракетни проби од страна на Северна Кореја, САД ги засилија санкциите кон Пјонгјанг и одговорија со зачестени патроли на нивните носачи на авиони во регионот и со воени вежби со јужнокорејската армија.