Северна Ирска сака референдум за независност по изгласаниот Брегзит
По најавите на Шкотска дека би можела да одржи референдум за независност од Обединетото кралство по Брегзит, такво барање подготвува и Северна Ирска.
Вицепремиерот на Северна Ирска, Мартин Мекгинис од партијата Шин Феин изјави дека граѓаните на Северна Ирска мора да имаат можност „да одлучуваат за својата иднина“.
На референдумот во четвртокот 60 отсто од граѓаните на Северна Ирска гласаа за останување на Велика Британија во ЕУ.
Партијата Шин Феин долги години тежнее кон обединување на Северна Ирска со Република Ирска.
Владата на Република Ирска свика итен состанок по британскиот референдум.
- Овој резултат ќе има важни импликации врз Ирска, како и врз Британија и ЕУ, се наведува во соопштението на ирската Влада.
Претходно шкотската премиерка Никол Стурџен истакна дека е многу веројатно Шкотска да одржи втор референдум за независност и порача дека ќе направи се што е потребно да и овозможи на Шкотска место во ЕУ.
Ново на Сител
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот
-
Македонец за 3,000 евра месечно отишол да се бори за руската војска во Украина
-
Пуштено во употреба метрото во Солун
-
Уапсени велешани со еден килограм кокаин | ФОТО
-
И утре облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
-
ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови