Свет
3. May 2020 - 8:31

Северна и Јужна Кореја разменија оган во погранично подрачје

Северна и Јужна Кореја разменија утрово во близина на стражарски пункт на Јужна Кореја, зголемувајќи ги тензиите еден ден откако лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун се појави во медиумите по речиси три недели отсуство.

Инцидентот се случил во 7: 41 часот по локално време кога од севернокорејска страна биле испукани повеќе истрели кон стражарски пункт во Јужна Кореја. Од јужнокорејска страна е одговорено со два истрела кон северниот сосед, се вели во соопштението на Командата на силите на Јужна Кореја.

Нема повредени на јужнокорејска страна. Пунктот кон кој било пукано е во пограничното место Чеорвон.