Џет-Сет
12. January 2018 - 22:15

Северина се појави вака облечена, а сите гледаа во нејзините нозе

Веќе долго време Северина има необичен стил кој го негува, а многумина го оспоруваат.

Позната е по своите експериментирања кои вклучуваат чевли и необични чорапи, а сега за модните критичари подготвила и ново засладување.

Нејзиниот стајлинг предизвикал голем интерес, како и секој досега, а станува збор за комбинација од панталони и плетен џемпер во кралско сина боја, на кои облекла хулахопки во иста боја и неочекувани бели салонки.

Ова не е првпат Северина да облече чорапи на високи потпетици, а минатата година облече и спортски бели чорапи со црвени сандали.